Поврзете се со нас

Свет

Анри поставуваше прашања, Карагер изненади со дел од одговорите и го избра најдобриот тренер на сите времиња (Видео)

Објавено

на

Тјери Анри и Џејми Карагер се колеги од шампионското студио на „Си-Би-Ес“ и секогаш се посебно впечатливи со своите коментари, но сега добија задача од „Скај“ да организираат квиз во кој Французинот имаше улога на новинар.

Легендарниот Тити му поставуваше прашања на Карагер и му даваше од две опции да ја избере подобрата, а конечната цел беше да го посочи најдобриот тренер на сите времиња.

Поранешниот стопер на Ливерпул го избра Фабио Капело пред Рафаел Бенитез, му даде предност на Дел Боске пред Капело, но затоа мисли дека Мурињо е подобар од шпанскиот стручњак.

Џејми го стави Мурињо во добитна ситуација и во дуелите со Арсен Венгер и Карло Анчелоти, но сепак смета дека Јохан Кројф е поголем и поважен за фудбалот од Португалецот.

Следно, немаше многу дилеми и го стави Пеп Гвардиола едно скалило над Кројф, но интересно, посочи дека Шпанецот е подобар тренер и од неговио омилен Јирген Клоп.

За крај следеше „дуел“ меѓу Пеп Гвардиола и Сер Алекс Фергусон, а Карагер му даде предност на легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни