Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ангеловски: Горд сум, игравме со тим со многу македонски играчи

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Составот на Еурофарм Пелистер не успеа да оствари позитивен резултат ниту на завршниот меч од групната фаза на Лигата на шампионите, поточно последен им зема мерка составот на Колстад кој славеше со 34-27.

Македонскиот првак кој не беше комплетен на овој меч не можеше да му парира на домаќинот низ сите 60 минути, односно Колстад со две полувремиња по 17 гола обезбеди сигурен триумф и достоинствено го заврши настапот во елитната конкуренција.

Предводникот на клубот од Битола, Бранко Ангеловски е задоволен како се претстави неговиот тим или поточно пред се беше горд на македонските играчи.

-Честитки до Колстад за победата. Тие одиграа подобро од тоа што го анализиравме. Не бевме целосно подготвени затоа што го немавме целиот тим на располагање. Сепак, горд сум на моите момци, бидејќи игравме со млад тим, тим полн со македонски играчи. Тоа е иднината на нашиот ракомет, ние доаѓаме од мала земја каде ракометот е спорт број еден. Се надевам дека секоја година ќе бидеме подобри на клупско и секако репрезентативно ниво, -истакна тренерот Ангеловски.

Краток коментар имаше Урош Борзаш кој беше најдобар играч на „фармацевтите“ на ова гостување.

-Сакам да му честитам на Колстад за победата. Горд сум на нашиот тим и тоа како одигравме со многу млади играчи. Дел од нив ги имаа првите посериозни минути во Лигата на шампионите, -порача бекот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни