Билијард и Снукер
Андреј Ѓурчиновски се запиша во историјата како прв младински првак

Викендов во организација на македонската федерација за билијард, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт, се одржа првото Национално првенство за јуниори, категорија до 19 години (која се игра и на европските првенства).
Имаше вкупно осум учесници кои се натпреваруваа во дисциплината „деветка“, по идентични правила што важат при настап на ЕП. Домаќин беше „Гран Клуб“ од Скопје, а играчите беа претставници на четири клубови од различни градови (Скопје, Битола, Прилеп и Тетово).
Победник на турнирот е 12-годишниот Андреј Ѓурчиновски, кој летово ја претставуваше Македонија и на континенталниот собир што беше во Бугарија. Во финалето тој го совлада Антонио Крајоски со 7:4, додека третото место (како поразени од полуфиналните дуели) го поделија Диели Весели и Мухамед Даути.
Ѓурчиновски со четири победи ја потврди формата, иако беше најмладиот од сите учесници. Како победник на турнирот тој ќе ја претставува државата на следното европско првенство, кое е закажано за јули 2023 година. Пехарот и медалите ги додели новиот претседател на Билијард федерацијата на Македонија, Дејан Сипковски.
Со јуниорскиот турнир и официјално е завршена натпреварувачка 2022 сезона. Согласно усвоениот календар за 2023, новото Национално првенство за сениори започнува во февруари.
-
Англијапред 19 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Англијапред 20 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Светпред 23 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело
-
Шпанијапред 7 часа
ФИФА не го одобри трансферот на Барселона кој се случи во последен час
-
Англијапред 20 часа
Артета откри дека долго го следел Жоржињо и посочи што тој ќе донесе во клубот
-
Англијапред 2 часа
Дајч веднаш донесе нова енергија во Евертон: Лидерот Арсенал изненаден на „Гудисон Парк“ (ВИДЕО)