Поврзете се со нас

Македонија

Андерсон забележа трипл-дабл, Охрид го изненади Феникс

Објавено

на

foto: kfsm.mk

Кошаркарите на Охрид го изненадија Феникс 2010 во последниот меч од 20. коло во Првата лига.

Гостите славеа со 100:90 на средбата која се одигра во СЦ „Јане Сандански“. Охриѓани има неверојатна прва четвртина во која постигнаа дури 39 поени (39:15), период во кој се стекнаа со двоцифрена предност што на крајот се покажа како клучно и покрај сите обиди на домаќините да се вратат во игра и да направат пресврт.

Победникот го имаше фантастичниот Андерсон кој забележа трипл-дабл од 23 поени со 10 скока и 10 асистенции, Одлични беа Лајонс со 22 и Бревер  со 20 поени, додека Димовски додаде 18 кошеви.

Кај поразените ветеранот Трајковски беше автор на 26 поени и 13 скокови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни