Атлетика
Американски атлетичар собори светски рекорд стар 27 години

Американскиот атлетичар Грент Холовеј постави нов светски рекорд на трката на 60 метри со пречки во сала и успеа да го подобри најдоброто време во оваа дисциплина по цели 27 години.
Холовеј имаше одличен настап на митингот во шпанската престолнина Мадрид, завршувајќи ја кратката делница за 7,29 секунди, подобрувајќи го рекордот на легендарниот Колин Џексон.
Џексон го постави рекордот во март во 1994 година, па фановите на атлетиката мораа да сочекаат нецели три децении за да видат подобрување на неговиот резултат.
Интересно, Холовеј првично имаше резултат 7,32 секунди, за потоа организаторите да го објават резултатот 7,29 секунди, по што Американецот почна да го прославува рекордот.
Grant Holloway breaks world indoor 60m hurdles record in Madrid #WorldIndoorTour
Stunning hurdling from @Flaamingoo_ to clock 7.29 👏
📰: https://t.co/zCi4oRJwyr pic.twitter.com/1oM4G3DKP2
— World Athletics (@WorldAthletics) February 24, 2021
Како нов рекордер и победник на трката, Холовеј заработи 20.000 долари и директен пласман на Светското првенство во сала, кое следната година ќе се одржи во Белград.

- Англијапред 23 часа
Летна и првата глава по неуспехот на Супер лигата, навивачите на Манчестер Јунајтед во транс
- Светпред 23 часа
Европската лига се распадна како кула од карти по само два дена: Вечерва клучен состанок за откажување
- Англијапред 22 часа
Сунес со остар коментар: Девет месеци имаа состаноци со другите директори, Вудвард е само почетокот (Видео)
- Италијапред 22 часа
Италијанските новинари едногласни за статусот на Ањели во Јувентус
- Лига на шампионипред 22 часа
Перез за „Лекип“: Не сме загрижени, ќе го реализираме проектот Супер лига
- Светпред 12 часа
Румениге му одржа лекција на Перез како најголем поборник на Супер лигата
- Светпред 11 часа
Пике со прва реакција откако шесте англиски премиерлигаши го „закопаа“ проектот на Флорентино (Фото)
- Шпанијапред 11 часа
Супер лигата испрати соопштение по откажувањето на премиерлигашите: Англичаните беа принудени на ова!