Поврзете се со нас

НБА

Американците го објавија новиот „дрим-тим“, во него нема ниту една од големите НБА ѕвезди

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/usabasketball

Американската кошаркарска репрезентација традиционално е еден од фаворитите за титула на светските првенства кога настапува со НБА играчи, но на претстојниот мундијал ќе треба да го потврди тој статус со ростер, во кој ги нема најголемите ѕвезди.

Утринава е објавен составот од 12 играчи на новиот „дрим-тим“, а селекторот Стив Кер сепак на располагање ќе има квалитетни играчи кои имаат потенцијал да се замешаат во борбата за титулата.

Промената на календарот од страна на ФИБА придонесе светските првенства да се играат една година пред олимпијадите, па најголемите ѕвезди избегнуваат да имаат активности две лета по ред и веројатно ќе се чуваат за ЛОИ во Париз следната година.

Извршниот директор Грент Хил и селекторот Кер се решиле на квалитетен избор во однос на дефанзивните играчи, па во националниот тим се повикани Џерен Џексон, Боби Портис и Вокер Кеслер, како и Мајкл Бриџис, Камерон Џонсон и Џош Харт.

Во составот се уште Тајрис Халибартон, Остин Ривс, Паоло Банкеро, Џален Брансон, Ентони Едвардс и Брендон Инграм.

Светското првенство ќе се одржи во Јапонија, Филипини и Индонезија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни