Поврзете се со нас

АТП

Алкарас со моќна игра до осминафиналето на Индијан Велс (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BNPPARIBASOPEN

Карлос Алкарас ги загуби првите три пресметки со Феликс Оже Алијасим, но во изминатите 12 месеци успеа да намали на 3:2 во меѓусебниот скор со Канаѓанецот.

Шпанецот го победи Алијасим за првпат на Индијан Велс минатата година, а сега го повтори истиот успех на исто место и во доста слични околности.

Младиот Алкарас очигледно пронајде рецепт за Алијасим и денеска врати огромен процент од неговите први сервиси, па во таква ситуација си отвори шанса за надмудрување од основата линија, а тоа е негова најсилна страна.

Алкарас го „збриша“ Канаѓанецот за 77 минути игра и се пласираше во осминафиналето на Индијан Велс, а таму ќе игра против Унгарецот Марошан.

Карлито ќе биде голем фаворит и на тој дуел, додека сериозен испит се очекува да има во четвртфиналето каде вкрстува со Де Минор или Зверев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни