Поврзете се со нас

АТП

Алкарас откри дека ја променил тактиката за да го победи Синер

Објавено

на

Foto:twitter.com/BNPPARIBASOPEN

Карлос Алкарас направи пресврт и успеа да го надигра Јаник Синер во полуфиналето на Индијан Велс, турнир на кој се сретнаа во истата фаза пред една година.

За разлика од тогаш, Италијанецот сега беше во далеку подобра форма и имаше 19 победи во низа, но на оваа серија и дојде крајот бидејќи Карлитос одигра извонредно во вториот и третиот сет.

Шпанецот беше немоќен во првиот кој му припадна на Јаник со 6:1, но Алкарас возврати со 6:3 и 6:2 и се пласираше во големото финале во кое ќе игра против Данил Медведев.

Во давањето изјави пред новинарите по големата победа, Алкарас откри дека во текот на мечот морал да ја промени тактиката, односно почнал да игра многу побавно и со тоа да го забави темпото на разиграниот Синер.

– Секогаш се обидувам да го дадам најдоброто од себе против Јаник, едноставно мора да го направите тоа за да имате шанса. Сега повторно е нерешено во нашите пресметки. Точно е дека ја променив тактиката, ја намалив брзината во играта и игравме побавен меч од обично. Сепак, нема да ви откривам премногу, бидејќи може повторно да играме еден против друг во Мајами. Но,  точно е дека денеска игравме поразлично од претходните неколку меча, – изјави Алкарас кој израмни на 4:4 во меѓусебните пресметки.

– Карлос промени неколку тактички работи денеска и тоа треба да го имам на ум за наредните пресметки. Морам и јас да направам варијации за да го победувам во иднина, – заклучи Синер кој до овој меч не знаеше за пораз во 2024-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни