Поврзете се со нас

Македонија

Алкалоид е последниот патник во полуфиналето на Купот

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkalkaloid

Алкалоид го издржа притисокот и успеа да се справи со негативата која ја имаше на мечот на Бутел, па на крајот избраниците на Кирил Лазаров обезбедија пласман на Ф4 турнирот во Купот.

Актуелниот македонски вицешампион е последниот патник во полуфиналето на најмасовното натпрерварување, а фаворитот навистина добро мораше да се помачи за да го скрши отпорот на Бутел.

Гостите на денешниот меч во Автокоманда покажаа заби и имаа предност по 30 минути игра со резултат 11:13, но во неверојатно цврстото второ полувреме во кое решаваше одбраната, подобро се снајдоа домаќините.

Алкалоид прими само седум гола во вториот дел и на крајот славеше со 23:23, а клучен за пресвртот беше Мартин Серафимов кој беше убедливо најдобар поединец на паркетот.

Од вкупно 23 гола на Алкалоид, Серафимов постигна дури девет, додека во поразениот тим се истакна Ѓеоргиевски со шест реализации. Алаклоид на овој начин го формираше квартетот од фаворити во полуфиналето на Купот на Македонија, фаза во која се пласираа и Тиквеш, Еурофарм Пелистер и Вардар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни