Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Алегри потврди само четири сигурни стартери за дербито со ПСЖ: Тие дефинитивно ќе излезат на теренот

Објавено

на

Масимилијано Алегри комплетно ја префрла фаворитската улога на страна на ПСЖ во пресрет на дербито кое се игра вечерва во Лигата на шампионите, бидејќи според него, „светците“ се фаворити број еден за трофејот во најелитното натпреварување, без оглед на тоа што го немаат освоено никогаш во историјата.

Алегри изминативе неколку дена мора да слуша натписи за ужасната игра која ја прикажа Јуве на мечот со Фиорентина, но истовремено и да се подготвува за тешкиот дуел во Париз, за кој откри дека има само четири сигурни стартери.

– Утре во првата постава ќе се вратат Бонучи, РАбио и Влаховиќ. Исто така стартер на голот ќе биде Перин. Овие четворица сигурно ќе бидат на теренот на стартот, за останатите ќе мора да видам и да одлучам. Ќе мора да зборувам со Алекс Сандро и Паредес за да видам како е нивниот фитнес.

– Мора да одиме чекор по чекор, мора да одиеме полека и да се подобруваме. Не се освојуваат титули во септември или октомври, сега е време да работиме и да се подобруваме.

– Сега ја започнуваме групната фаза во Лигата на шампионите, според моите проценки, потребни ни се 10 бода за да се пласираме во осминафиналето. На самиот старт, се соочуваме со тим кој е прв фаворит за трофејот. Наша цел е да бидеме на нивно ниво, да играме технички добри и да има парираме на Меси, Нејмар и Мбапе. Се надевам на возбудлив меч, – изјави Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни