Поврзете се со нас

Италија

Алегри донесе конечни одлуки за двајцата „бунтовници“: Едниот нема да мрдне, другиот си оди од Јувентус!

Објавено

на

Масимилијано Алегри на денешната прес-конференција посочи дека неговиот тим ќе остане 99 проценти ист како што е и во овој момент, со исклучок на Арон Рамзи кој е во преговори за раскин на договорот и во потрага по нова средина.

Во изминатиот период, италијанските медиуми говорат за двајца „бунтовници“ во првиот тим на Алегри, односно двајца играчи кои посакуваат трансфер и промена на средината во овој зимски преоден рок.

Првиот е Рамзи и неговата желба ќе биде остварена, додека вториот е Алваро Мората, играч на кој популарниот Макс се уште смета и кој денеска доби јасна порака дека нема да мрдне од Торино.

Мората се поврзуваше со сензационален трансфер во Барселона, но Алегри сега отфрли вакво сценарио и нагласи дека Шпанецот ќе остане во неговиот тим.

– Алваро е важен играч и многу сум задоволен од него. Разговарав со Мората и му порачав дека не мрда од тука, без оглед на гласините за негово заминување. Тој останува во Јувентус со истата страст како досега.

– Од друга страна, Рамзи е на заминување од Јувентус и си оди. Освен него, не очекувам други заминувања, такашто тимот ќе остане 99 проценти ист како и сега, – заврши тренерот на Јуве.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни