Поврзете се со нас

Франција

Ал-Келаифи со порака до Перез: Нема право да ги споменува Надал и Федерер

Објавено

на

Насер Ал-Келаифи како претседател на ПСЖ и прв човек на Европската клупска асоцијација застана на страната на УЕФА при обидот за формирање Супер лига, а во продолжение само ја продолжи вербалната војна со заговорниците на овој проект.

Во последната изјава, Ал-Келаифи повторно му испратил порака на Флорентино Перез, кој претходно во еден говор истакна дека европскиот фудбал има потреба од почести соочувања на најквалитетните екипи, правејќи паралела со дуелите на Надал и Федерер, кои никогаш не биле досадни.

– Ќе го замолам Перез да не ги користи нивните имиња за да си ги оправда своите грешки.

– На Надал и Федерер сите мечеви им беа важни, никогаш не бараа затворена лига со топ тенисери затоа што им значи тениското семејство, – изјавил Ал-Келаифи.

– Веќе разговаравме со нивните претставници, а имаа можност да ги слушнат и навивачите кои имаат моја поддршка, – вели претседателот на ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни