Поврзете се со нас

Франција

Ал Келаифи го промени тонот за Мбапе и покажа завидно ниво на фудбалско лицемерие!

Објавено

на

ПСЖ како еден од носителите во Лигата на шампионите се најде во „групата на смртта“ и ќе има тешка задача уште на стартот на новата сезона во најелитното натпреварување, но очигледно фановите и челниците на клубот се доста помирни во ситуација кога ќе можат да сметаат на Килијан Мбапе.

Насер Ал Келаифи пред само еден месец му се закануваше на Мбапе и тврдеше дека никогаш нема да заигра за ПСЖ, па иако постави и ултиматум за да си замине од клубот, на крајот сфати дека не може да води „војна“ со најголемата ѕвезда и го помилува по стартот на сезоната во Лига 1.

Мбапе беше „одмрзнат“ и вратен во првиот тим на Луис Енрике, а по извлечениот ждред во ЛШ, газдата на ПСЖ покажа завидно фудбалски лицемерие со најновата изјава која ја даде за Килијан.

– Имаме многу добри и конструктивни разговори со Мбапе и ситуацијата е променета. Килијан е фантастичен фудбалер, но фантастичен е и како личност и професионалец.

– Зборувавме и со останатиот дел од неговото семејство и сега се е во ред. Дали преговараме за договор? Не сакам да зборувам за тоа, – изјави Насер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни