Поврзете се со нас

Франција

Ал Келаифи го брани ПСЖ: Зошто е подобар моделот на Барселона?

Објавено

на

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи не ги прифаќа критиките поради сопственичкиот модел на својот клуб, бранејќи се со ситуацијата кај ривалите.

Како што вели првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, ПСЖ спаѓа во клубовите кои се сопственост на одредена држава, во случајов Катар, а тоа според него создава нерамноправна ситуација на пазарот.

Но, во интервјуто за „Марка“, Ал Келаифи возвраќа со сличен удар.

– Што е со другите видови сопственишта? Што е со клубовите кои летнаа високо, а се сопственост на еден богат индивидуалец? Дали е тоа добра работа?

– Јас прашувам што велите за Барселона. Клубот е во сопственост на фановите, а има долг од 1,5 милијарда евра. Дали ваквиот модел е функционален? – прашува Ал Келаифи во своја одбрана.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни