Поврзете се со нас

Балкан

Адеми постигна одличен гол, Динамо доживеа нов срам во Хрватска (Видео)

Објавено

на

Динамо не игра на шампионско ниво од стартот на сезоната и дното го допре со поразот од Балкани, но тоа очигледно е само еден од низата шокови кои ќе мора да ги проголтаат навивачите на клубот од Загреб.

Актуелниот првак не импресионира и во домашното првенство и денеска го претрпе третиот пораз, и тоа во ситуација кога имаше се на своја страна по одличниот гол кој го постигна Аријан Адеми.

Македонскиот репрезентативец го отвори резултатот со прецизен удар со левата нога во 63-та минута, па иако се чинеше дека со ова се крши отпорот на аутсајдерот, Горица покажа карактер и се врати во мечот.

Израмнувачкиот гол на Вујновиќ во 70-та минута внесе немир во играта на Динамо, па во 92-та минута следеше голем шок откако Јуриќ погоди за 2:1 и огромна победа на Горица.

Кам-бек на овој натпревар имаше и Стефан Ристовски, но ниту тој и Адеми не може да спречат нов пораз за Динамо во домашното првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни