Поврзете се со нас

Италија

Ачерби се огласи за расистичкиот скандал кој предизвика потрес во Италија: Знам што сум кажал на теренот

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Inter

Франечско Ачерби се најде во средина на скандал поради обвинувањата кои ги испорача Жуан Жезус, па искусниот дефанзивец на Италија си замина од националниот тим кој се подготвува за заминување на мини турнеја во Америка

Стоперот на Наполи обвини дека добил расистички навреди од Ачерби и сега ова ќе биде детално истражено од италијанските фудбалски власти, но како знак на претпазливост, Лучијано Спалети и самиот фудбалер решија дека најдобро е да го напушти репрезентативниот тим во овој момент.

Ачерби оваа вечер добил шанса да зборува и пред италијанските новинари и ги демантирал тврдењата на колегата од Наполи, а со краток став се јавил и селекторот Спалети.

– Никогаш не сум кажал расистички фрази и не кажав и вчера. Многу сум смирен, 20 години сум во фудбалот и знам што кажувам на теренот. Ниту еден таков збор не излегол од мојата уста. Жезус лошо ја разбрал ситуацијата, многу работи се случуваа на теренот и нормално е да дојде и до недоразбирање. Играме фудбал, се бориме на теренот, се кажуваат и некои лоши зборови, но на крајот се подава рака и се останува на теренот, – изјавил Ачерби.

– Франческо ми кажа дека немало расизам, но мора да бидеме внимателни и претпазливи, особено кога го носиме националниот дрес. Жалам за оваа ситуација, се обидов да зборувам и со Жезус, но неговиот телефон е исклучен, – порачал селекторот Спалети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни