Поврзете се со нас

БИБЛ лига

Титула за тимот од Гевгелија: Блокотехна ја освои БИБЛ лигата!

Објавено

на

Македонскиот кошаркарски прволигаш Блокотехна е освојувач на овогодишното издание на БИБЛ регионалната лига.

Избраниците на Марјан Илиевски во финалето славеа над составот на Теута од Албанија со 82-69 и тоа во меч во кој имаа потполна контрола на резултатот од почеток до крајот. Клубот од Гевгелија го најави славјето уште во првите 10 минути кои ги доби со 25-9, предност која беше намалена до полувремето (42-30). Меѓутоа во третиот период Блокотехна одново блесна (28-15) и замина на позитива од 25 кошеви со што завршница мина без неизвесност, поточно домаќините успеаа само да се изборат за попристоен пораз.

Пен со 31 кош ја предводеше листата на стрелци кај Блокотехна, Хамати пак со 18 беше прво име кај поразените.

Овој успех на гевгеличани има посебна тежина затоа што на завршниот турнир настапија без двајцата клучни играчи Данило Мијатовиќ и капитенот Горан Главчев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни