Поврзете се со нас

Ватерполо

По неизвесен пенал-рулет падна и домаќинот, Србија е европски шампион

Објавено

на

Триесет и третото европско првенство во ватерполо стигна до самиот крај, а во Барселона вечерва беа одиграни последните натпревари од овој континентален собир.

Во неизвесна финална борба, силите ги пресметаа бранителот на трофејот Србија и домаќинот Шпанија. Натпреварот во регуларниот дел заврши без победник со резултат 7-7 (0-1, 3-3, 3-2, 1-1), па освојувачот на шампионскиот пехар беше одлучен по изведувањето на пенали, по кои српските „делфини“ стигнаа до победата со 5-3. Ова е вкупно петта титула за Србија по осамостојувањето, а четврта последователна, со што ја продолжи доминацијата од 2012. година. Претходно, во борбата за трето место се соочија Хрватска и Италија, за на крајот бронзениот медал да замине кај „коцкестите“ кои го добија мечот со 10-8 (4-0, 3-5, 2-1, 1-2).

Како најкорисен играч на турнирот беше избран српскиот репрезентативец Филип Филиповиќ, додека наградата за најдобар голман ја доби шпанскиот чувар на мрежата Даниел Лопез Пинедо, а наградата за напрецизен на шампионатот ја доби Јоанис Фунтулис од Грција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни