Поврзете се со нас

Ватерполо

Италија ја победи Шпанија и стана светски шампион во ватерполо по пауза од осум години

Објавено

на

Ватерполо селекцијата на Италија го врати светскиот трофеј на Апенините по пауза од осум години, откако денеска во големото финале ја победи репрезентацијата на Шпанија која беше неуспешна и во својот втор обид да дојде до најпрестижната титула.

Италијанците го контролираа мечот од почетокот и неизвесно беше само во првиот период кој заврши 2:2, но потоа следеше драстично одлепување на семафорот, се до конечните 10:5 кои се најдобра отслика за доминацијата на „аѕурите“ во завршниот меч.

За Италија ова е прва титула од светските првенства по пауза од осум години, или вкупно четврта во историјата на овој спорт. На Светското првенство во вода кое се одржуваше во Гванжу, денеска се одигра и пресметката за третото место, а во истата Хрватска беше подобра од Унгарија со 10:7, триумф со кој „коцкестите“ ја освоија бронзата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни