Поврзете се со нас

Екстремни спортови

Екстремниот спуст на лизгалки ја започнува сезоната во Австрија!

Објавено

на

Зимската сезона на трките во екстремниот спуст на лизгалки само што не почнала: на 28 декември во Јуденбург, австриските фанови ќе можат да ги бодрат своите локални херои, браќата Далаго, како очигледни фаворити на домашен терен на настанот што се одржува по прв пат, и тоа токму во земјата каде што овој спорт беше создаден пред 20 години. По четири изданија во Ваграин, близу Салцбург, настанот сега ќе стартува од Јуденбург, на северозапад од Грац. Трката беше успешна минатата година и логично е унапредена на ниво „ATSX 500“ (што во суштина значи дека за победа се добиваат 500 бода).

– Основниот дизајн на патеката е ист, само што додадовме неколку препреки, како бранови и издигнат ѕид, сличен на оној во Бостон минатата година,- вели Давид Рајниш, од локалниот организациски комитет. Тристаметарската патека е вгнездена на надморска височина од 1700 метри, во област која се користи за различни активности на снег и мраз, од санкање преку ски туринг, крос-кантри скијање и тн). Автодромот „Ред Бул Ринг“ во Шпилберг, каде што секоја година доаѓаат возачите од Формула 1 и Мото ГП, се наоѓа на само 20 минути оддалеченост.

Списокот на учесници беше речиси полн на две недели пред настанот, со 96 учесници мажи (од кои петмина доаѓаат од Јапонија!), а веќе се регистрираа и 24 јуниори. Само неколку места беа преостанати за женските лизгачи кои сакаат да се натпреваруваат со Канаѓанката Жаклин Лежер и Швајцарката Анаис Моран, двете најсилни конкурентки од минатата зима.

Во лавината од добри вести, учесниците во ова светско првенство неодамна дознаа дека следната година ќе почне „на високо“, кога открија дека се прави сосема нова патека на височина од 2000 метри, која е достапна само со жичарница во Пра-Луп на Јужните Алпи, близу до италијанската граница). Таму на 11 јануари Франција ќе организира настан од ATSX 500, откако две години во низа имаа супериорен настан на пристаништето во Марсеј.

Актуелните светски шампиони Камерон Неш и Аманда Транзо исто така имаат причина за радост: тие оваа зима пак ќе имаат домашна трка, во срцето на САД. Во календарот е вброана трката на Монт-ду-Лак, исто така вреднуван како „ATSX 500“ настан, кој е закажан на 18 јануари на издвоена патека во овој многу пријатен ресорт во Висконсин. Тука Неш и Транзо триумфираа во февруари, на патот до заслужената светска титула. Со оваа новообјавена трка, сега има вкупно тринаесет трки во календарот, распространети во осум земји и на три континенти, (Америка, Европа, Азија), за многу возбудлива дваесетта сезона од најбрзиот светски спорт на лизгалки.

Пред стартот на сезоната донесена е и уште една мала измена во календарот, со која викендот на 7 март ќе има трки на две локации, и тоа: настан „АТЅХ 250“ во Екатеринбург (Русија), како и „ATSX 500“ настан, закажан во Квебек, Канада.

Во трките од серијата Ice Cross, бестрашните лизгачи се спуштаат по патеки со должина до 700 метри, полни со препреки како испакнатини, вртења, остри свиоци и брановидни делови. Мразот може да биде природен, во скијачките центри, или вештачки, на локациите во центарот на градовите. Лизгачите стартуваат по четворица во исто време, со брзини до 80 километри на час. Најбрзите двајца влегуваат во следната рунда, додека не се дојде до финалната четворка лизгачи во секоја категорија (мажи, жени, јуниори). Во зависност од тежината на патеката и бројот на рангирачки бодови за светското првенство кои се достапни за спортистите, тркачките викенди се обележани со ATSX 250, 500 или 1000. Во последните две децении, 1000 спортисти од 51 земја и 5 контитнети учествувале на трките кои станаа толку популарни што привлекуваат огромна ревносна публика.

Календар светски шампионат Red Bull Ice Cross зима 2019/2020:

28 декември: Јуденбург, Австрија – ATSX 500

11 јануари: Пра-Луп, Франција ATSX 500

18 јануари: Монт ду Лак (Висконсин), САД – ATSX 500

25 јануари: Игора, Русија – ATSX 500

1 февруари: Персе, Канада – ATSX 250

1 февруари: необјавена локација, Јапонија – ATSX 500

8 февруари: Рауталампи, Финска – ATSX 500

15 февруари: Јокохама, Јапонија – ATSX 1000

22 февруари: Алмати, Казахстан – ATSX 250 – непотврдено

29 февруари: Нур Султан, Казахстан – ATSX 1000 – непотврдено

7 март: Квебек, Канада – ATSX 500

7 март: Екатеринбург, Русија – ATSX 250

21 март: Москва, Русија – ATSX 1000

Трките ATSX 1000 се емитуваат во живо на Red Bull TV. Red Bull TV е достапна на конектирани ТВ, играчки конзоли, мобилни уреди и друго. За листата на сите поддржани уреди, клинете на овој линк.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни