Поврзете се со нас

Свет

Жоао Феликс: Тројца млади играчи ќе се „тепаат“ за Златната топка и титулата во ЛШ секоја година

Објавено

на

Жоао Феликс созреа со своите настапи на крајот на минатата и почетокот на оваа сезона и веќе нема испади на нервоза како што често знаеше да направи при измените на Чоло Симеоне, тренер кој го натера младиот Португалец напорно да работи за своето место во тимот, иако клубот плати 130 милиони евра за него.

Феликс веќе долго е на европската сцена, но во суштина има само 22 години и јасно е дека најдобрите години се пред него, па иако неговиот прогрес малку забави во Атлетико, тој верува дека сега го надминал периодот на адаптација и ги очекува најдобрите изданија од себе.

Жоао смета дека во овој момент тој се уште е многу далеку од битката за „Златната топка“, но затоа е свесен дека и во иднина ќе има три големи ривали за воопшто да дојде блиску до ова престижно признание.

– Мбапе, Халанд и Винисиус, тоа се тројцата кои ќе се тепаат за „Златната топка“ и за Лигата на шампионите секоја година.

– „Златната топка“ се уште е многу далеку за мене, но е поблиску отколку што беше порано. Работам да напредувам и ќе видиме дали ќе дојдам до тоа ниво. Одговорот ќе го добиеме за некоја година, – вели Феликс во интервјуто за „Марка“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни