Поврзете се со нас

Италија

Жестокиот дуел на Ибрахимовиќ и Лукаку овековечен во фантастичен мурал во Милано

Објавено

на

Вербалната пресметка меѓу Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку го одбележи четвртфиналето од италијанскиот куп меѓу Милан и Интер, а двајцата фудбалери се извлекоа без казни поради овој инцидент во кој беа споделени и многу навредувачки зборови.

Во пресрет на градското дерби во првенството кое се игра следниот викенд, денеска во опкружувањето на „Сан Сиро“ осамнал одлично направен мурал кој го овековечува токму споменатиот инцидент.

Дуелот на Ибрахимовиќ и Лукаку со коментар „Лице во лице, срце до срце“ стана хит меѓу фудбалските фанови во Милано, без разлика со кого навиваат, а двајцата одлични напаѓачи наскоро повторно ќе се соочат на теренот.

Евентуалниот победник ќе освои важни бодови во борбата за скудетото, а натпреварот ќе се игра следната недела од 15 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни