Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ждрепката ги измеша картите: Суперкомпјутерот на „ОПТА“ ги промени шансите за освојување на ЛШ

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/BVB

Манчестер Сити останува прв фаворит за трофејот во Лигата на шампионите, но вчерашната ждрепка направи одредени промени во прогнозите на суперкомпјутерот на „ОПТА“.

Експертизата на суперкомпјутерот е ажурирана со четвртфиналните парови, но и со одредувањето на патот кон финалето на сите четвртфиналисти, при што е јасно кои противници можат да се избегнат до големото финале.

Арсенал, Баерн Минхен, Манчестер Сити и Реал Мадрид се најдоа во ист дел на ждребот и тука конкуренцијата е многу пожестока, додека истовремено еден финалист ќе биде одреден меѓу Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Барселона и ПСЖ.

Токму овој елемент го исфрли ПСЖ на второто место меѓу фаворитите за трофејот, при што францускиот тим го потисна Реал на третото место. И другите три екипи од истиот дел на жребот си ги зголемија шансите, додека дел од процентите загубија претставниците на другата четворка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни