Поврзете се со нас

Евролига

Жалгирис го освои Белград, ПАО ја доби битката со Фенербахче

Објавено

на

Foto:twitter.com/kkcrvenazvezda

Црвена Звезда уште еднаш ги разочара своите фанови, губејќи го натпреварот со Жалгирис на домашен терен во рамките на Евролигата (91:93).

Литванскиот претставник се враќа дома со триумф на жешкиот терен во Белград, каде двете екипи влегоа во драматична завршница, но домашниот состав направи повеќе грешки и останува во долниот дел на табелата во Евролигата.

Еванс со 25 поени беше најдобар поединец во редовите на победничката екипа, која сега има една победа повеќе од денешниот ривал.

Панатинаикос го доби дербито со Фенербахче со 74:63, додека Барселона беше убедлива против Алба на домашен терен (93:77).

Последниот натпревар се играше во Болоња и донесе интересен финиш, а во него Монако успеа да го совлада домаќинот Виртус со 78:81.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни