Поврзете се со нас

Формула 1

Застрашувачки момент: Расел застана среде патека и очајно бараше црвено знаме (Видео)

Објавено

на

Фото: https://media.mercedes-benz.com

Џорџ Расел се обидуваше да дојде до подобра позиција во самата завршница на Формула 1 трката во Австралија, но на крајот излета од патеката, удри во заштитната ограда и се најде среде патека.

Незгодната позиционираност среде патека предизвика и паника кај возачот на Мерцедес, со оглед на фактот што одговорните за трката се уште не активираа црвени знамиња кои навестуваат сериозна опасност на патеката и значат прекинување на трката.

Наместо црвени знамиња беше активирано виртуелно безбедносно возило под кое заврши трката, а за среќа во меѓувреме не се случи нешто непосакувано, па и Расел мина без посериозни последици од излетувањето.

Мерцедес остана без поени во Австралија, бидејќи Луис Хамилтон не ја заврши трката поради проблеми со моторот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни