Поврзете се со нас

Формула 1

Волф призна дека бил изненаден, но не се обидел да го премисли Хамилтон за „трансферот“ во Ферари

Објавено

на

Одлуката на Луис Хамилтон да се пресели во редовите на Ферари од следната 2025 година го изненадила Тото Волф, тимскиот шеф на Мерцедес, но тој не се ни обидел да го спречи, односно да го премислува кога му ја соопштил таа намера.

Британецот одлучи да го напушти германскиот тим по крајот на следната сезона, што значи по 11-годишна соработка со Мерцедес, а одлуката му ја соопштил лично на Волф на нивната последна средба во Оксфорд.

– Тој смета дека му е потребна промена и го разбирам тоа.

– Имавме неверојатен успех досега, а и при последното продолжување се договоривме тоа да биде краткорочно, бидејќи можат да излезат одредени опции за него и за тимот.

– Разговаравме еден час во мојот дом во Оксфорд, а Формула 1 досега ме подготви да бидам отпорен на било какви изненадувања. Сепак, ова беше изненадување, иако разговаравме и јас не се обидов да го премислам. Нашата професионална соработка ќе заврши, но јас ќе имам добар пријател и натаму, изградивме одличен однос последните десет години, – изјавил Волф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни