Поврзете се со нас

Лига Европа

Вилјареал е новиот ривал на Ристовски и Адеми, можно е премиерлигашко финале во ЛЕ

Објавено

на

Тимот на Динамо Загреб за кого настапуваат нашите репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе се соочи со Вилјареал во четвртфиналето на Лигата на Европа.

Ова е епилогот на денешната ждрепка во Нион во која Динамо влезе откако вчера направи големо изненадување и го шокираше Тотенхем предводен од Жозе Мурињо. Во случај да Адеми, Ристовски и другарите направат уште едно чудо тогаш во полуфиналето ќе играат со подобриот од битката меѓу Арсенал и Славија Прага.

Преостанатите две четвртфинални парови ги сочинуваат Гранада-Манчестер Јунајтед и Ајакс-Рома.

Дуелите од четвртфиналето се играат на 8 и 15 април, оние од полуфиналето се закажани за 29 април и 6 мај, додека финалето во Гдањск е на програмата на 26 мај.

Двојки за четвртфинале:

Гранада-Манчестер Јунајтед

Арсенал-Славија Прага

Ајакс-Рома

Динамо Загреб-Вилјареал

Двојки за полуфинале:

Гранада-Манчестер Јунајтед/Ајакс-Рома

Динамо Загреб-Вилјареал/Арсенал-Славија Прага

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни