Поврзете се со нас

Олимписки игри

Урнебесна ситуација во Токио: Олимпиец плетеше на трибините додека траеше финалето во скок во вода (Видео)

Објавено

на

Навистина неочекуван момент уловија камерите на трибините во акватик центарот во Токио за време на финалната пресметка во скокови во вода, женска конкуренција.

Имено, британскиот олимпиец кој исто така се натпреварува во оваа дисциплина, Том Дејли беше снимен како плете на трибините во Токио.

Ваквото видео веднаш стана вирално на социјалните мрежи, а многумина веќе го прогласија Дејли за вистинска легенда со ваквиот негов потег.

Ситуацијата во која се најде Дејли кој доста посветено си го плетеше својот џемпер може да се вброи меѓу најбизарните ситуации кои се уловени на трибините на едни Олимписки игри.

Инаку, Дејли заедно со Мати Ли пред една недела го освоија златото во синхронизирано скокање во вода од десет метри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни