Поврзете се со нас

Лига на шампиони

УЕФА им исплатила отштета на фанови на Ливерпул за инцидентот во финалето на ЛШ во Париз

Објавено

на

foto: twitter.com/LFC

Европската фудбалска федерација (УЕФА) прифатила да им исплати отштета на фанови на Ливерпул, кои започнаа процес поради случувањата во финалето на Лигата на шампионите кое се играше во Париз во 2022 година.

Дел од фановите на англиската екипа заработија многу непријатности, па и повреди на влезот на стадионот, поради што финалето доцнеше 36 минути, а УЕФА презема одговорност за пропустите на обезбедувањето.

Околу 1.450 фанови на „црвените“ бараа отштета од УЕФА и најголем дел од нив ќе добијат одредена сума, која не е објавена од двете страни.

УЕФА од своја страна потврди дека е постигнат договор со правните застапници на навивачите, а тие пак посочија дека оштетената страна е задоволна од епилогот.

Првично организаторот тврдеше дека инцидентот настанал поради навивачите кои пристигнале без билети, за подоцна независна комисија да утврди дека одговорноста за немилите сцени паѓа на УЕФА и француските домаќини.

Ливерпул во финалето загуби од Реал Мадрид со 1:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни