Поврзете се со нас

Европски првенства

Турците загубија, но го имаа најкреативниот фан на трибините во Рим (Фото)

Објавено

на

Турската фудбалска репрезентација доживеа убедлив пораз на почетокот на Европското првенство, а избранците на Шенол Ѓунеш издржаа само едно полувреме против фаворитот Италија.

Автоголот на Демирал го скрши отпорот на селекцијата која играше подефанзивно, а до крајот на средбата Имобиле и Инсиње со по еден гол ги поставија конечните 3:0 во корист на Италија.

Турските фанови на стадионот логично беа разочарани од она што го прикажаа нивните миленици, разочараните лица останаа во сенка на расположените Италијанци.

Сепак, еден турски фан ги освои симпатиите на социјалните мрежи и тоа поради својата специфична „маска“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни