Поврзете се со нас

Англија

Тухел првпат се огласи по отказот во Челси: Потресен сум, овде се чувствував како дома!

Објавено

на

Германскиот стратег, Томас Тухел ја заврши приказната со Челси и тоа откако клубот на чело со Тод Боли одлучи да му даде отказ по поразот на екипата од Динамо Загреб во Лигата на шампионите.

Овој потег на „сините“ никој не го очекуваше и беше вистински шок за јавноста, навивачите и самиот Тухел, а тоа најдоброт се гледа по неговата емотивна изјава во која за првпат зборува, се огласува по она што го доживеа на „Стемфорд Бриџ“

-Ова е една од најтешките изјави што некогаш сум морал да ги напишам – една за која се надевав дека нема да има потреба да ја напишам уште многу години. Потресен сум што моето време во Челзи заврши. Ова е клуб во кој се чувствував како дома, професионално и лично. Му се заблагодарувам на целиот персонал, играчите и симпатизерите што ме натераа да се чувствувам добредојден од самиот почеток.

-Гордоста и радоста што ги чувствував што му помогнав на тимот да ја освои Лигата на шампионите и Светското клупско првенство ќе останат со мене засекогаш. Чест ми е што бев дел од историјата на овој клуб и сеќавањата од последните 19 месеци секогаш ќе имаат посебно место во моето срце, -порача Тухел кој со Челси ја освои ЛШ, Супер Купот на УЕФА и Светското клупско првенство во организација на ФИФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни