Поврзете се со нас

Македонија

Традицијата продолжува: Работнички продаде уште еден свој бисер во странство

Објавено

на

foto:www.fkrabotnicki.com

Работнички е познат како клуб кој редовно им дава шанса на младите и талентирани играчи кои потоа со добри изданија си го отвараат патот кон странство, поголема средина во која имаат можност да го потврдат својот квалитет.

„Романтичарите“ денеска се пофалија дека уште еден „бисер“ се сели надвор од нашите граници, а тоа е 18-годишниот Фета Фетаи.

Клубот од Дебар Маало и Локомотива Загреб се договориле за трансфер на младинскиот репрезентативец во Хрватска.

-Со задоволство можеме да потврдиме дека Работнички продолжува во духот на она што е негова главна клупска карактеристика, да промовира млади и талентирани фудбалери кои добиваат шанса за брз излез на интернационална сцена. 18 – годишниот играч за врска Фета Фетаи, кој минатата сезона доби шанса во сениорскиот тим на Работнички и блесна со целиот свој потенцијал, ќе ја продолжи кариерата во хрватскиот прволигаш Локомотива Загреб. Двата клуба ги договорија деталите околу трансферот, а фудбалерот ќе замине на лекарски прегледи, по што ќе следи и официјалната промоција, -изјави претседателот на клубот, Драган Поповски за официјалниот сајт.

Претходно преку Работнички трансфери напраја играчи како Лука Станковски, Елиф Елмас, Давид Тошевски, Методи Максимов, Ѓоко Зајков, Столе Димитриевски, Даниел Аврамовски, Дарко Велковски…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни