Поврзете се со нас

Англија

Тотенхем доби „џек-пот“ со Мадисон, „петлите“ летаат највисоко во Премиер лигата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Тотенхем го отвори десеттото коло во Премиер лигата како лидер на табелата, а по првиот натпревар во новата рунда, „петлите“ сигурно ќе останат на првото место.

Тимот на Анге Постекоглу продолжи да брилјира во англиската елита и љубоморно го брани врвот на табелата, без оглед на тоа што букмејкерите прогнозираат дека набрзо ќе паднат на табелата.

Тотенхем вечерва доби уште едно лондонско дерби и славеше над Кристал Палас со резултат 1:2, а творец на триумфот беше најголемото летно засилување.

Џејмс Мадисон се покажува како вистински „џек-пот“ за петлите кои највисоко летаат на табелата, бидејќи денеска неговиот шут заврши во автогол на Ворд, а потоа ја осмисли акцијата по која Сон погоди за 0:2.

Во самата завршница, нервоза на теренот донесе голот на Ају во 94-та минута, но сепак Тотенхем успеа да го сочува водството и сега има 26 бода по 10 кола, пет повеќе од Манчестер Сити и Арсенал.

Головите од натпреварот погледнете ги ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни