Поврзете се со нас

Фед куп

Тенисерките го добија финалето со Ерменија и ќе играат во пoвисок ранг во Били Џин Кинг Купот

Објавено

на

Foto: FB/Македонски тенис/Денис Дуковски

Македонската тениска репрезентација славеше над Ерменија со 2-1 во финалето на Третата Европска зона од Били Џин Кинг Купот што се играше во Скопје.

Избраничките на Лабудовиќ дојдоа до посакуваниот триумф со пресврт и на тој начин го комплетираа перфектниот настап на турнирот во нашата престолнина, турнир во кој ги надиграа Молдавија, Финска, Исланд, Албанија и Азербејџан за „шест од шест“ и пласман во Втората Евро-африканска зона.

Магделена Стоилковска го загуби првиот меч од Ирена Мурадјан со 2-1 во сетови (64 46 60), но потоа Лина Ѓорческа си поигра со Марина Давтјан (60 и 60) што значеше дека победникот ќе го реши дуелот во двојки.

Компинацијата Ѓорческа-Стоилковска славаше над Марина Давтјан и Ирена Мурадјан со 6-3 и 6-2 за конечен триумф на нашата селекција во оваа битка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни