Поврзете се со нас

Шпанија

Таткото на Силва објасни зошто Бернардо на крајот не ја прифати понудата од Барселона

Објавено

на

Барселона речиси два месеци се подготвуваше да испрати понуда за Бернардо Силва, но кога на крајот го направи тоа, испадна дека е предоцна за трансфер, иако Пеп Гвардиола јавно најавуваше дека нема да му стои на патот на фудбалерот и дека вратите му се отворени за исполнување на желбата.

Португалскиот репрезентативец останува да биде клучен фактор во играта на Сити и во новата сезона, а неговиот татко открива дека всушност пристигнала формална понуда од Барса, која на крајот не била прифатена поради една едноставна причина.

– Имаше многу разговори и преговори со Барселона, но не се заврши се во посакуваниот период. Не пристигна понуда во периодот кој мислевме дека е коректен за сите.

– Кога на крајот пристигна понуда, сфативме дека не е вистински момент за да се договорат сите вклучени страни. Работите треба да се одвиваат рационално во фудбалот, поготово на трансфер пазарот.

– За Бернардо тоа не беше рационално. Тој е зрел играч, има 28 години и сака работите да се извршуваат рационално, а не емоционално, – открива Паоло Силва за „Статс Перформ“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни