Поврзете се со нас

Шпанија

Таткото на Меси откри кој е приоритетот на Лео пред средбата со Лапорта (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Лионел Меси има на маса неколку понуди откако и официјално не ја продолжи соработката со ПСЖ, па сега се поставува прашањето каде ќе ја продолжи играчката кариера.

Иако на крајот на минатата седмица посебно до израз дојдоа шпекулациите за негово заминување во Саудиска Арабија поради неверојатната понуда вредна 400 милиони евра по сезона, вистината е дека се уште ништо не е одлучено и всушност Аргентинецот пред сите и дава предност на Барселона.

Ова денеска го потврди и неговиот татко Хорхе Меси, кој пред да има состанок со Жоан Лапорта околу можното враќање на „Камп Ноу“, искрено им признал на новинарите дека Лео приоритет му дава на каталонскиот гигант.

– Би бил пресреќен ако Лео се врати во Барселона, секако дека тоа е така. Имаме веќе разговарано, но нема ништо конкретно договорено.

– Се уште нема ништо, имаме да разговараме за уште премногу работи, – порача Хорхе, кој на инсистирање на новинарката, призна дека Барселона е приоритетот на Меси.

– Да, неговиот приоритет е Барса….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни