Поврзете се со нас

ВТА

Свитолина по триумфот над Русинката Потапенко: Овде сум на посебна мисија за Украина…

Објавено

на

Украинската тенисерка Елина Свитолина првично одбиваше да се појави на мечот со руската ривалка Анастасија Потапова во Монтереј, но денеска успеа да го добие со убедливи 2:0 во сетови.

ВТА им наложи на руските тенисерки да настапуваат како неутрални спортисти без за нив да се употребува државното знаме и името на земјата, а тоа ја мотивираше Свитолина да се појави на теренот.

Фаворитката го доби мечот со 6:2 и 6:1, а по мечот очекувано испрати емотивна порака.

– Ова е еден вид мисија за мојата земја.

– Периодов сум тажна, но од друга страна сум среќна што играм тенис. Мојата мисија е да ја обединам целата тениска заедница да ја поддржи Украина, да и помогне на Украина, бидејќи она низ што минуваме ние Украинците е ужасно.

– Затоа сум тука, играм за мојата земја и настапите ги користам како платформа за да побарам поддршка за Украина, – изјавила Свитолина.

Уште претходно тенисерката најави дека сите заработени пари од турнирот во Монтереј ќе бидат донирани за украинската армија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни