Поврзете се со нас

НБА

Судиите спречија посериозен инцидент, па испратија по еден играч на Хјустон и Јута во соблекувална (Видео)

Објавено

на

Хјустон оствари убедлива победа над Јута во НБА натпреварот одигран утринава, а средбата донесе и еден инцидент кој за среќа не ескалираше и не донесе голема мешаница на теренот.

Во центарот на вниманието се најдоа Џабари Смит од Хјустон и Крис Дан од Јута, кои тргнаа во физичка пресметка, но за среќа следуваше брза интервенција на судиите, кои не дозволија ниеден директен удар меѓу кошаркарите кои влегоа во клинч.

Следуваше очекувана одлука за исклучување на двајцата, по што Смит и Дан мораа порано во соблекувалната, а дополнително ќе добијат казна за своето однесување на теренот.

Индидентот се случи на почетокот на вториот период, а на крајот Хјустон ја победи Јута со 147:119.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни