Поврзете се со нас

Формула 1

Стјуардите го казнија Перез, Леклер ќе стартува од вториот ред во Австралија

Објавено

на

foto:twitter.com/SChecoPerez

Серхио Перез обезбеди солидна трета позиција во квалификациите за Формула 1 трката во Австралија, но сепак ќе мора да стартува од третиот ред.

Неколку часа по крајот на квалификациите, стјуардите решиле да му одредат казна на Мексиканецот и да го вратат три позиции наназад, што значи дека од вториот ред ќе стартуваат Ландо Норис и Шарл Леклер, а една позиција нанапред оди и Оскар Пјастри.

Причина за казната е фактот што Перез го блокирал Нико Хулкенберг на патеката за време на квалификациите, а Мексиканецот не бил поштеден од санкцијата и покрај тоа што лично разговарал со стјуардите за овој инцидент.

Во објаснувањето за казната, стјуардите потенцираат дека Перез предоцна бил информиран од својот тим за наближувањето на болидот на Хулкенберг, кој возел брз круг, но морал да ја намали брзината и да го заобиколи невнимателниот возач на Ред Бул.

Пол-позицијата ја обезбеди Макс Ферстапен, додека веднаш зад него ќе биде Карлос Саинц од Ферари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни