Лига на шампиони
Спалети покажа голема почит кон Ајакс по историските 1:6, па испрати јасна порака до Елмас и соиграчите
Наполи направи историја и ја оствари најголемата победа во Европа во своето постоење, но исто така му го нанесе и најтешкиот пораз на великанот Ајакс во натпреварувањата кои ги организира УЕФА.
Холандскиот шампион за првпат прими шест гола на домашен терен и поразот од 1:6 влегува во аналите на Ајакс како најцрна ноќ во Европа, но од друга страна, неверојатната победа само покажува во каква форма е Наполи на стартот на оваа сезона.
Лучијано Спалети се обидуваше да ја намали еуфоријата по огромниот триумф во Амстердам и со огромен респект говореше за Ајакс, по што еден од новинарите заклучи дека Италијанецот не изгледа како човек кој победил 1:6.
– Имавме навистина добри резултати во Лигата на шампионите досега, но исто така и перформансите беа на ниво. Вистина е, мојот тим одигра добар фудбал, константно притискавме и вршевме притисок. Ајакс е клуб од кој секој треба да учи и затоа ова е важен резултат за нас, – изјави Спалети, кој на заклучокот на новинарот дека не изгледа воопшто еуфорично за таков резултат, одговори.
– Многу сум среќен, но јас веќе мислам на следниот меч. Мора да останеме фокусирани, бидејќи ако има дефокус, работите можат брзо да тргнат наопаку. Ова е фудбал и лесно може да влезете во проблеми, – изјави Спалети кој за крај има и завршна порака за замените на Наполи, вклучувајќи го и нашиот Елиф Елмас.
– Ако тренираат како што треба, ќе има простор и време за сите. Има толку многу натпревари пред нас и најважно е да останеме сплотени, мора да ротираме и да изгледаме како тим. Се е последица од тоа како тренираат, а потоа мора да бидат подготвени за да му помогнат на тимот, – изјави Спалети.
-
Лига на шампионипред 14 часа
Реакцијата на разочараниот Мбапе откако доби прашање дали ќе навива за Реал против Баерн (Видео)
-
Репрезентацијапред 22 часа
Ракометарите тренираа во Торшавн, екипата е подготвена за битка со Фарски Острови
-
Лига на шампионипред 22 часа
ПСЖ залудно доминираше, Дортмунд е прв финалист во ЛШ (ВИДЕО)
-
Евролигапред 23 часа
Макаби падна во Атина, Панатинаикос дојде до Ф4 билет по пауза од 12 години (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 22 часа
Ројс: Само една работа е важна, никој нема да праша…
-
Италијапред 24 часа
Занети: Жал ми е за Мурињо…
-
Лига на шампионипред 12 часа
Ал Келаифи се огласи за иднината на Луис Енрике по елиминацијата од Борусија: Дали разбирате фудбал…
-
Лига на шампионипред 8 часа
Капело ја детектираше најголемата грешка на Луис Енрике и двајцата најслаби играчи на ПСЖ