Поврзете се со нас

Европски купови

Шортс доминираше против Лондон и го приближи Париз до финалето на Еврокупот

Објавено

на

foto:twitter.com/ParisBasketball

Кошаркарите на Париз обезбедија солидна предност од првиот полуфинален дуел во Еврокупот, победувајќи го тимот на Лондон Лајонс со 99:86 на домашен терен.

Ти-Џеј Шортс повторно беше најдобар поединец на теренот и нерешлива енигма за противникот, а против Лондон уфрли 23 поени, заедно со 6 скокови, 7 асистенции и 3 украдени топки.

Македонскиот репрезентативец одлично ги разигруваше и своите соиграчи, кои овозможија Париз да има солидна предност во пресрет на вториот натпревар, кој ќе се во Англија.

Ифи со 22 поени бил втор најдобар поединец во редовите на победничката екипа, додека кај Лондон, Енваба го завршил дуелот со 24 поени.

Лондон ќе биде домаќин на вториот дуел, додека евентуалната мајсторка би се играла во Франција.

Во вториот полуфинален дуел, вториот француски претставник, екипата на Бург, славеше против Бешикташ со 86:74.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни