Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија го продаде талентираниот Елези во Грузија

Објавено

на

Поранешниот македонски шампион Шкендија постигна договор со Торпедо Кутаиси за трансфер на талентираниот Дашмир Елези.

„Црвено-црните“ ја информираа јавноста дека 18-годишниот Елези побарал да си замине, побарал нов предизвик по што клубот му излегол во пресрет со тоа што грузускиот прволигаш ќе мора да плати трансфер обештетување за оваа операција.

Шкендија му се заблагодари на напаѓачот за досегашниот придонес и му посака успех во градењето на интернационалната кариера.

Дашмир во актуелнава кампања одигра 13 мечеви за клубот од Тетово во ПМФЛ, даде 1 гол и запиша 1 асистенција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни