Поврзете се со нас

АТП

Серена емотивно му се обрати на Федерер: Го барав вистинскиот начин за да го кажам ова (Фото)

Објавено

на

Рожер Федерер важи за највлијателен тенисер во последните две децении и човек кој му даде друга димензија на тенисот како спорт, за што говорат и пораките кои ги испраќаат светски познатите ѕвезди од машка и женска конкуренција.

Швајцарецот доби безброј топли пораки од колегите кои му беа ривали во текот на неверојатната 24-годишна професионална кариера, но во бранот емотивни обраќања се вклучија и најдобрите тенисерки во светот, како и легенди како Мартина Навратилова и Серена Вилијамс.

Американката стави крај на играчката кариера на Ју-Ес Опен пред десетина дена, а неполни две седмици подоцна, таа го испраќа човекот кој беше инспирација за многу деца во изминатите 20 години.

– Го барав вистинскиот начин за да го кажам ова. Се прости на перфектен начин, како што беше и твојата кариера. Секогаш сум се угледувала на тебе и ти се воодушевував. Нашиот пат беше сличен, речиси идентичен. Инспирираше милиони луѓе и тоа никогаш нема да го заборавиме.

– Ти аплаудирам и едвај чекам да го поддржам се она што ќе го правиш во иднина. Добредојде во клубот на пензионери. И благодарам што беше тоа што си – Рожер Федерер, – порача Серена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни