Поврзете се со нас

Конференциска лига

Седлоски: Ова е значаен успех за клубот и навивачите

Објавено

на

Тимот на Шкупи успеа да обезбеди пласман во наредната фаза на УЕФА Конференциската лига и тоа откако во двобојот беше подобар од Лапи од Косови.

Македонскиот прволигаш на првата средба во Скопје славеше со 2-0, додека пак вчера ремизираше во Приштина (1-1), па во вкупен резултат од 3-1 закажа битка со Санта Клара од Португалија.

-Во првото полувреме очекував да ја завршиме својата работа како што треба и да не ги повториме грешките на првиот натпревар. Имаше иницијатива од тимот на Лаппи, веќе реков и претходно тоа е силен противник. Генерално не сум многу задоволен од првото полувреме, но во второто полувреме нашите момци почнаа да играат подобро, имавме многу добри шанси.

-Резултатот од 1-1 беше доволен, најважно е што продолжиме понатаму во конференциската лига на УЕФА.  Ова е значаен успех за клубот и фановите, бидејќи долго време немаме ваков резулат. Сега играме со тим со голем квалитет, играме против Санта Клара од Португалија. Морам да им се заблагодарам на навивачите кои дојдоа од Скопје да не поддржат, -истакна тренерот Гоце Седлоски.

Првиот натпревар со Санта Клара се игра на 22. јули во Скопје на националната арена „Тодор Проески“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни