Поврзете се со нас

Германија

Саутгејт нема да смета на Кејн и против Белгија, голгетерот се враќа во Минхен

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Англискиот селектор Герет Саутгејт се надеваше дека ќе може да смета на Хари Кејн барем на пријателскиот дуел со Белгија, но самиот тој потврдил дека напаѓачот уште денеска ќе се врати во Минхен.

Англија вчера загуби на првиот пријателски дуел со Бразил, а Кејн кој има повреда на зглобот не можеше да им помогне на своите колеги од националниот тим, додека најновата информација само потврдува дека ќе му треба повеќе време за рехабилитација.

Баерн Минхен официјално потврди дека Кејн се враќа во Германија за да продолжи со третманите за санирање на проблемот и ќе биде следен од лекарскиот тим на бундеслигашот.

Кејн ја заработи повредата на дуелот со Дармштад во германското првенство, а Баерн нема да брза со неговото враќање на терените, посебно што напаѓачот ќе биде посебно важен за настапите во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни