Поврзете се со нас

Олимписки игри

Сакети за успехот на Италија во Белград: Мојата сопруга има посебна заслуга за пласманот на ОИ

Објавено

на

Големиот успех на италијанската кошаркарска репрезентација на турнирот во Белград значи дека Ромео Сакети ќе учествува на Олимписки игри и како играч и тренер.

Искусниот италијански стручњак ја предводеше својата селекција до голема победа над Србија во финалето на квалификацискиот турнир, а не криејќи го задоволството од успехот, пред медумите зборувал за главниот виновник за пласманот во Токио.

– Капитенот Николо Мели има посебно влијание за овој успех. Покрај настапите, тој се погрижи за компактноста и позитивната атмосфера во националниот тим, ми помогна многу и надвор од теренот.

– Но, треба да истакнам уште една личност со посебни заслуги за овој олимписки пласман.

– Мојата сопруга се вика Олимпија. Кога ја запознав, бев повикан да настапувам за италијанската репрезентација и настапив на Олимпијадата во 1980 година (Италија освои сребро во Москва).

– Таа не заборави да ме потсети дека ако не сум ја сретнел, веројатно никогаш немало да играм на Олимпијада. Овој пат ме испрати со реченицата „Не заборавај дека се викам Олимпија“, – открил Сакети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни