Поврзете се со нас

Свет

Ристовски испратен во вториот тим на Спортинг Лисабон

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски е префрлен во вториот тим на Спортинг Лисабон.

Ова е информацијата која ни доаѓа од Португалија и тамошните медиуми кои пренесуваат дека Стефан заедно со Рафаел Камачо се испратени во вториот тим на клубот од Лисабон. Стефан како и Камачо имаа можност да направат трансфери, нашиот репрезентативец имаше опција да се пресели во Русија, додека Рафаел беше на мета на Динамо Загреб, меѓутоа не дојде до затварање на зделките и сега тие се плус во екипата предводена од Рубен Аморим.

Сегашниот стратег Аморим не смета на двајцата и сега тие ќе тренираат со втората екипа на Спортинг. Инаку Ристовски влезе во конфликт со Аморим и сега се најде во неповолна ситуација, но ова воедно е и проблем за македонската репрезентација која во ноември ја очекува клучниот дуел со Грузија за пласман на Европското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни