Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Редарот не го препозна О’Саливен, Рони сам го објави видеото: Мора е да пикадо фан (Видео)

Објавено

на

Рони О’Саливен важи за најголема ѕвезда на светската снукер сцена, а неговата популарност е поткрепена и со трофеите кои не престанува да ги освојува на најпрестижните турнири.

Англискиот снукер маестро вчера го победи Динг во осминафиналето на Мастерсот во Лондон, а неговите фанови не беа премногу разочарани и што противникот украде дел од шоуто со максималниот брејк од 147 поени.

О’Саливен имал и една мала „незгода“ пред да дојде во арената „Александра Палас“, откако редарот не само што не го препозна, туку и го натера да почека додека не добие зелено светло за влез со автомобилот во делот наменет за учесниците.

– Мора да е пикадо фан, – напиша Рони на видеото кое самиот го објави утрово, а кое го снимал некој совозач од неговиот автомобил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни