Поврзете се со нас

Формула 1

Ред Бул ја суспендираше вработената која го пријави Хорнер за непристојно однесување

Објавено

на

Случајот за пријавено непристојно однесување на Кристијан Хорнер доби нова димензија, поради одлуката на Ред Бул да ја суспендира вработената која го отвори случајот.

Тимскиот шеф беше пријавен кај надлежните во тимот од страна на колешка, но ги демантираше обвинувањата, а истрагата на Ред Бул го ослободи од било каква одговорност.

Хорнер остана на својата функција и на почетокот на новата сезона, прославувајќи ја првата победа на Макс Ферстапен, иако се уште останува големиот притисок за негово отпуштање и случајот ги подели и вработените и соработниците на актуелниот Ф1 шампион.

Ред Бул не објасни кој ја водел интерната истрага и за деталите кои го ослободиле Хорнер од обвинувањата, за денеска да донесе одлука за суспензија на вработената која го иницираше случајот.

Хорнер е дел од Ред Бул од 2005 година и со овој тим стигна до седум возачки и шест конструкторски титули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни