Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид донесе важна одлука: Дететото од школата ќе биде нов капитен следната сезона (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид во еден ден се поздрави со Маријано Дијаз, Еден Азар и Марко Асенсио, но убедливо најбомбастична беше вест со која беше соопштено дека си заминува и Карим Бензема.

После 14 успешни сезони и 25 освоени трофеи во шпанската престолнина, Бензема самостојно реши да си оди од клубот и побара дозвола за такво нешто, а Реал покажа џентлменски пристап кон легендата и му ги отвори вратите кон мега-договор во Саудиска Арабија.

Четирите заминувања во два дена беа јасен сигнал за голема реконструкција во Реал во летниот преоден рок, но пред да дојде ред на поважните трансфери, Реал се уште има за затворање неколку интерни прашање.

Крос, Модриќ и Себалјос набрзо треба да потпишат нови договори, а такво нешто ќе се случи и со детето од школата на Реал, верниот Начо. Искусниот дефанзивец ќе остане во Реал и покрај тоа што му истекува договорот на крајот на овој месец, бидејќи денеска се договорил со клубот за нова соработка.

„Марка“ ексклузивно информира дека Начо ќе доби договор „1+1“, но ќе биде и новиот прв капитен на Реал Мадрид во сезоната која претстои, пред Модриќ, Крос и Карвахал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни